Work & Travel USA
За програмата
Сè за програмата Work and Travel
ЗА НАС
Нашата мисија е да им го приближиме светот на младите, да им овозможиме да патуваат, да учат странски јазици, да стекнат нови искуства и знаења, да запознаат други култури, да го прошират кругот на пријатели и да се вратат дома задоволни, побогати со нови искуства и дополнително оспособени за продолжување на образованието и развојот на кариерата.
Во текот на изминатите речиси 29 години работа станавме една од водечките агенции во рамките на поранешна Југославија за спроведување програми од образовен туризам. Во светом имаме испратено повеќе од 20 000 млади луќе кои учествувале на некои од нашите програми. Се гордиме со фактот што во овој дел на Европа први започнавме со реализација на програмата Work & Travel USA. Наром Травел е специализиран за образовен туризам и програми за меѓународни културни размени.
СО ШТО СЕ ЗАНИМАВМЕ
Наром Травел е специализиран за образовен туризам и програми за меѓународни културни размени.
- Work & Travel USA – Работна програма за студенти
- Au Pair – програма за чување деца (USA, Франција, Германија, Австрија, Шпанија)
- Програми за стручна пракса (Career Training и Internship)
- Школување и студирање во странство
- Курсеви по јазици во странство
Освен програмите за млади, во агенцијата може да се обезбеди:
- Авио карти по многу поволни цени и услови
- Свестување во хотели ширум светот
ТИМОТ НА НАРОМ ТРАВЕЛ
Нашиот тим е составен од лица со повеќегодишно искуство на програмите за меѓународна културна размена. Нашето искуство е збогатено со лично учество на некои од програмите кои ги реализираме и на тој начин можеме да ги согледаме програмите од повеќе аспекти. Се трудиме со нашите совети да бидеме од помош при изборот на програмата и носење на најдобрата одлука.
НАШИ ПАРТНЕРИ
Организацијата InterExchange од Њујорк, Спонзор организација од САД е организатор на Work & Travel USA. Организацијата InterExchange Inc. основана во 1968 година. Таа е една од водечките американски организации за програми на културна размена на студенти. Поседува лиценца од американската влада за организирање програми за културна размена. Со нив соработуваме од 1996 година.
Караван Травел од Србија– со кои соработуваме со години и испраќаме студенти на програмата Work & Travel USA.
Право на учество на програмата имаат само редовни СТУДЕНТИ, со уредно заверен семестар, кои редовно полагаат испити и ги исполнуваат следните услови:
- имаат најмалку 18, а најмногу 28 години
- редовно полагат испити
- зборуваат англиски јазик во мера потребна за комуникација
- да се толерантни, флексибилни, одговорни, прилагодливи, совесни, вредни….
Напомена: Критериумите за добивање Ј-1 виза зависат од регулативите на програмата и конзулатот на САД.
ОПЦИЈА 1 – JOB PLACEMENT
Работна понуда во САД обезбедува Спонзор организацијата.
Со програмата е опфатено:
- обезбедување работна понуда
- обезбедување на понуда за повратна авио карта
- здравствено осигурување
- документ DS-2019
- SEVIS документ (I-901)
- информации и формулари за добивање SSN (Social Security Number)
- инструкции за патување до работодавецот
- обезбедување поддршка во текот на траењето на програмата (бесплатен дежурен сервис телефон, информатор за учесниците на програмата и сл).
ОПЦИЈА 2 – SELF PLACEMENT
Работната понуда во САД ја обезбедува учесникот на програмата.
Програмата опфаќа:
- проверка на работната понуда обезбедена од учесникот на програмата
- обезбедување понуда за повратен авио билет
- здравствено осигурување
- документ DS-2019
- SEVIS документ (I-901)
- формулар за добивање SSN (Social Security Number)
- поддршка за време на траењето на програмата (бесплатен дежурен сервис телефон, информатор за учесниците на програмата и сл)
Напомена: Обезбедената работа мора да биде во согласност со регулативата на Стејт департмент.
АВИО КАРТА
Наром Травел има можност на учесниците на програмата да им обезбеди авио карти по поволни цени до саканата дестинација во САД, по посебни услови.
Датумот за заминување студентите сами го одбираат, така што во пријавата и онлајн апликацијата го впишуваат саканиот датум. Агенцијата обезбедува авио карта на одредениот датум согласно расположивите места и можности.
Авио картата задолжително се обезбедува преку Наром Травел. Во спротивно, се плаќаат пенали.
ОПЦИЈА 1 – (Job Placement)
ВИДОВИ НА РАБОТА И ЛОКАЦИИ:
Учесниците на Work & Travel USA програмата можат да работат студентски сезонски работи на различни локации ширум САД (забавни и национални паркови, хотели, ресторани, продавници, голф клубови). Од учесниците на програмата сеочекува да бидат одговорни, совесни, вредни, сериозни и флексибилни.
Добивањето на работна понуда многу зависи и од самиот учесник на програмата (познавањето на англиски јазик, работното искуство, знаењата и вештините кои ги поседува, датумите на заминување и периодот на работниот дел на програмата) но најмногу од потребата на работодавецот во САД. Конечната одлука за прием на кандидатот на конкретна работна понуда ја дава работодавецот.
НАЧИНИ НА ДОБИВАЊЕ НА РАБОТНА ПОНУДА
- Application Placement (преку онлајн профил)
Прекусвојот онлајн профил учесниците на програмата имаат увид во работните понуди кои се на располагање на кои директно аплицираат. Работодавците исто така имаат пристап на тој онлајн систем, така што може и тие директно да ги контактираат студентите, а понекогаш да побараат и скајп интервју со кандидатот. - Online Interview Placement (интервју со работодавецот преку некои од онлајн платформите)
Има понуди кои се добиваат преку закажано интервју. Заинтересираните кандидати можат да се пријават за разговор со работодавци и на тој начин да си обезбедат работна понуда. - Job Fair – За одредени работни понуди постои селекција која се врши преку Job Fair
Повремено, Спонзор организацијата од САД нуди специјални работни понуди на кои можат да аплицираат заинтересирани и пријавени кандидати. Процесот на наоѓање работни понуди трае додека работодавецот и студентот не потпишат работна понуда.
Предност имаат кандидатите кои порано се пријавиле на програмата Work & Travel USA.
Важно е студентите внимателно да ги разгледуваат понудите и да не избрзуваат со одбивање. За истата работна понуда аплицираат и студенти од други земји, така што заради голема конкуренција може таа понуда да ја добие некој друг студент.
ОПЦИЈА 2 – Self Placement
Студентите пријавени на оваа опција на програмата, имаат обврска, да приложат и работна понуда со обезбедено сместување пополнета на соодветен формулар. Датумите на пријавата и формуларот мора да се совпаѓаат.
Спонзор организацијата ќе го контактира работодавецот во САД, со цел да се потврди веродостојноста на работната понуда и обезбеденото сместување. Доколку доставената работна понуда не биде прифатена од страна на спонсор организацијата, студентот мора да обезбеди нова работна понуда или (во спротивно) нема да му биде дозволено учество на програмата.
Потребно е исто така учесникот на програмата да му напомене на својот работодавец , дека е неопходно да биде достапен, за да може Спонзор организацијата да стапи во контакт со него, заради проверка на работната понуда. Работодавецот е должен на Спонзорот на програмата да му достави одредени документи со кои ће потврди дека легално работи (business licence, worker’s compensation number). Овие документи се неопходни со цел Спонзорот да провери дали работодавецот ги исполнува условите дефинирани од страна на Стејт Департмент.
Видовите на работи кои НЕ се прифаќаат за учество на W&T програмата се наоѓаат на следниов линк:
interexchange.org/travel-abroad/work-travel-usa/resources/job-requirements
ОПЦИЈА 1 (Job Placement)
Сместувањето може да биде обезбедено од страна на работодавецот, но има и работни понуди кадешто сместувањето не е обезбедено. Доколку сместувањето е обезбедено, информациите за сместувањето се наоѓаат во рамките на работната понуда (услови и цена на сместувањето) т.е инструкции за наоѓање на сместување кои ги дава работодавецот или Спонзор организацијата за студенти за кои самиот работодавец не може да обезбеди сместување).
Доколку студентот сам бара сместување, мора да ја достави точната адреса на сместувањето во агенција, пред визирање.
Сместувањето е скромно и подразбира повеќекреветни соби, со купатило а понекогаш и кујна. Цената на сместувањето зависи од повеќе фактори. Сместувањето може да биде бесплатно или да се наплатува во висина до или над 100-170 USD неделно.
Плаќањето на сместувањето најчесто се регулира со одбивање на трошоци за сместување од заработката. Некои работодавци бараат од студентите за сместувањето да уплатат депозит. Инструкциите за уплаћање на депозитот кандидатот ги добива директно од работодавецот. Доколку не е направена штета на сместувањето, на крајот на програмата, депозитот е повратен.
ОПЦИЈА 2 – (Self Placement)
Учесниците на Self Placement опцијата сами си обезбедуваат сместување. Најчесто во тоа им помага работодавецот. Информациите за сместувањето во САД мора да бидат наведени во работната понуда односно да се достават во агенција пред визирање. Во спротивно, работната понуда нема да биде потврдена од страна на Спонзор организацијата.
Заинтересираните кандидати треба да поднесат:
- пополнета и потпишна пријава во писмена форма
- потврда за редовен студент – оригинал
- фотокопија од пасош (валидност на пасош минимум 6 месеци од влезот во САД)
- индекс на увид
- фотокопија од претходни американски визи
- Потврда за уплатени 4000,00 ден. на име трошоци за пријавување (примач: Наром Травел, 210-0496764001-66, деп.Тутунска Банка – АД Скопје; цел на уплата: Летна работа во САД 2026).
Спонзор организацијата го задржува правото да побара дополнителни документи доколку е тоа потребно.
Сите податоци од пријавата мора да бидат точни и читко напишани (внесените податоци се пренесуваат на формуларот DS-2019, врз основа на кој се добива Ј-1 виза). За точноста на податоците кандидатот одговара морално и материјално. Доколку студентот направил грешка во внесувањето на своите лични податоци Спонзорот наплатува по 40 USD за повторно издавање на нов DS-2019.
По поднесувањето на писмената пријава, кандидатот ќе биде интервјуиран за проверка на познавањето на англискиот јазик. За прием на кандидатот на програмата, конечната одлука ја носи Спонзор организацијата од САД.
Сите студенти кои патуваат како друштво (пр. двајца или тројца заедно) во онлајн пријавата мора да наведат идентични податоци во однос на регионите и видот на работа, бидејќи во спротивно нема да бидат повикани од исти работодавци и се пролонгира времето на добивање работна понуда.
Со цел побрзо и полесно добивање на работна понуда пожелно е да се наведат повеќе опции за избор на работа. Колку е поширок изборот на работа, толку е побрзо вашето лоцирање на работно место.
Откако студентот ќе се пријави од агенцијата по пат на и-мејл добива линк и упатство за пополнувањесо цел да се пополни електронската пријава. Задолжително е да се проверува вашата и-мејл адреса и онлајн пријава секој ден.
ИНТЕРВЈУ И ОРИЕНТАЦИОНА ПРОГРАМА
За сите студенти пријавени на програмата задолжително е интервју на англиски јазик. Во текот на интервјуто се утврдува нивото на знаење на англиски јазик и исполнување на условите за учество на Work & Travel USA програмата.
Онлајн ориентационата програма е задолжителна и се следи пред издавањето на документот DS-2019. Информацијата за ориентационата програма студентите ја добиваат директно од Спонзорот на програмата и имаат обврска според регулативата на Стејт Департмент да ја следат во целост пред визирање. Кандидатите кои веће учествувале на Work & Travel USA програмата, мора повторно да ја следат онлајн ориентацијата.
Со цел навремено да ги извршуваат обврските кои се однесуваат на ориентационата програма, кандидатите се должни редовно да ја проверуваат својата електронска пошта.
ЗАРАБОТУВАЧКА
Студентите работат во просек 32-40 часа неделно. Дозволено е прекувремена работа кај истиот работодавец, доколку има потреба за тоа. Исто така, студентите имаат можност и право, со Ј-1 визата и DS-2019, покрај работата која ја добиле од Спонзорот да пронајдат и друга работа која мора да биде одобрена од страна на Спонзор организацијата, но мора да запомнат дека работата која ја добиле преку Спонзорот е на прво место и најважна. Повеќето студенти ја користат оваа можност, и на тој начин остваруваат поголема заработувачка. Прекувремена работа како и можноста за добивање на втора работа не се гарантира со програмата.
Работодавците платите ги исплаќаат неделно или на две недели, што значи дека студентот треба да очекува да понесе околу 1000 USD, за покривање на трошоците до првата плата.
ВИЗА
Учесниците на Work & Travel USA програмата добиваат Ј-1 виза (Exchange Visitors Visa). Оваа виза овозможува работа во угостителство и туризам, во траење од најмногу 4 месеци и 1 месец туристички престој во САД (по завршување на работниот дел на програмата) доколку Конзулатот на САД не услови друго. Барањето го поднесува самиот студент и задолжително мора да се појави лично на интервју во државата кадешто студира и има дозвола за привремен престој.
Спонзор организацијата ги обезбедува документите кои се однесуваат на програмата и престојот во САД. Во агенција ће ги добиете сите потребни документи кои се однесуваат на програмата и целта на престојот во САД. Списокот на документи кои треба да се обезбедат ће го добиете од НАРОМ ТРАВЕЛ по пат на и-мејл. Доколку е потребно, студентот треба да обезбеди и дополнителни докуменети
Напомена: Закажувањето термин за визирање, процедурата за визирање како и одобрувањето на виза се исклучиво во надлежност на Конзуларното оделение на САД.
DS-2019
Документот DS-2019 е документ кој го издава Спонзор организацијата од САД, врз основа на кој учесникот на програмата добива Ј-1 виза. При влегувањето во САД, документот DS-2019, мора да стои во пасошот, и во таа прилика да бидезаверен.
Учесниците на програмата можат да работат во САД исклучиво во период кога DS-2019 е валиден. Спонзор организацијата го одредува датумот на почеток на важење на DS-2019 врз основа на датумот запишан на пријавата и регулативата на US Department of State.
SEVIS (Student and Exchange Visitor Information System)
Документот SEVIS (I-901) мора да се приложи со останатата документација при предавањето на молбата за добивање виза и молбата нема да биде разгледана без овој документ.
Цената за обработка на податоците SEVIS (I-901) изнесува 35 USD и се наплатува според инструкциите добиени во агенција.
SEVIS е американски систем за евиденција и следење на учесниците на Exchange Visitor Program, за време на престојот во САД.
Секој учесник на програмата е должен:
- Во рок од 5 дена по влегувањето во САД да се регистрира на SEVIS.
- На секои 30 дена да ги ажурира своите податоци во SEVIS системот (според инструкциите добиени од Спонзор организацијата)
- повторно да се логира на SEVIS системот и ги запише новите податоци во случај на промена на работно место или сместување.
Санкциите за непочитување на SEVIS процедурата се: укинување на визата и порано враќање во матичната земја.
ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Здравственото осигурување е задолжително и вклучено во цената на програмата. Тоа го обезбедува Спонзор организацијата од САД.
Сите учесници на Work & Travel USA програмата мораат да бидат здравствено осигурани за време на престојот во САД, т.е за време на валидноста на документот DS-2019. Пред патување сите учесници на програмата од Спонзорот преку имејл добиваат полиса на осигурување и сите информации за истото. Станува збор за посебно здравствено осигурување за учесниците на Work & Travel USA програмата во согласност со регулативата на Стејт Департмент. Периодот на важност на здравственото осигурување се поклопува со датумите на валидност на DS-2019. При посета на обичен преглед се наплатува одредена цена како партиципација и повисока цена за Emergency Room.
За време на туристичкиот престој кој трае 30 дена по истекот на работниот дел на програмата, студентите немаат обврска да бидат здравствено осигурани, но сепак со оглед на висината на трошоците за лекување во САД, доколку студентот останува во САД во тој период, се препорачува да се осигура. Ги советуваме сите учесници на програмата пред патувањето да си направат лекарски и стоматолошки преглед.
Здравствената состојба на кандидатите не се проверува, но се подразбира кандидатите да се здрави и работно способни.
Сите болести појавени пред патувањето, како и хронични болести НЕ се покриваат со здравственото осигурување.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
– Доколку студентот откаже учество на програмата по пријавувањето и добивање статус Submitted, агенцијата задржуваат износ од 300 USD.
– Доколку студентот откаже учество на програмата по добивање на американската виза, губи право на враћање на уплатениот износ и задолжително треба да го врати формуларот DS-2019.
– Доколку работната понуда не одговара на условите од програмата или не биде потврдена од страна на Спонзорот, работодавецот е недостапен за Спонзор орагнизацијата или ја откаже потпишаната работна понуда, а кандидатот не најде друга работна понуда во даден рок на студентот му се задржува 300 USD. (опција Self Placement).
– Доколку се утврди дека работната понуда е фиктивна, или воопшто не е доставена работна понуда спонзор организацијата и агенцијата задржуваат 300 USD (опција Self Placement).
– Доколку студентот не добие виза, спонзор организацијата и агенцијата задржуваат 300 USD.
– Доколку кандидатот своеволно го раскине договорот со работодавецот од САД или не ги исполнува своите обврски превземени според договорот, како и финансиските обврски спрема агенцијата и Спонзор организацијата, ће биде автоматски откажан од програмата без право на рефундација.
– Трошоците за пријавување, СЕВИС трошоците, и таксата за виза се неповратни.
Напомена: Спонзор организацијата го задржува правото за евентуални измени на условите за откажување учество на програмата, и учесникот да го извести пред потпишување на работната понуда.
Како датум на откажување учество од програмата ће се смета датумот кога агенцијата добила имејл од кандидатот во кој ги известува за откажувањето и причините за откажување учество на програмата. За откажување учество на програмата кандидатите се должни да ја известат агенцијата во писмена форма. Релевантен рок за утврдување на условите за рефундација на средствата поради откажување од програмата почнува да тече од наредниот ден по денот на прием на откажувањето.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
– Доколку учесникот на програмата се откаже откако отпапувал за САД, нема право на повраток на уплатените средства, а спонзор организацијата ће му ја откаже визата.
– Доколку учесникот на програмата своеволно го раскине договорот со работодавецот или не ги исполнува своите работни обврски ће биде откажан од програмата и веће нема да има право на работа во САД и ће мора да се врати во својата земја.
– Доколку учесникот на програмата не ги почитува правилата на програмата, ће биде отстранет од програмата, без право на рефундација.
– Доколку со работодавецот постојат реални проблеми учесникот на програмата има обврска за тоа веднаш да го извести Спонзорот преку бесплатниот телефон кој е на располагање 24 часа или преку и-мејл.
– Доколку учесникот на програмата не ја почитува SEVIS процедурата и не контактира најмалку еднаш месечно со Спонзор организацијата во САД, ће му биде укината визата и мора да се врати во матичната земја.
Ги молиме учесниците на програмата да внимателно ги прочитаат Општите услови на патување на Наром Травел кои сесоставен дел од Work & Travel USA 2026 програмата.
Составни делови на програмата W&T USA 2026 се: Општи информации за програмата, Општи услови за учество на програмата Work & Travel USA 2026, договор со Спонзор организацијата, договор со работодавецот. Пополнета и потпишана пријава.
Work & Travel цена на програмата
JOB PLACEMENT
$ 1845
(I рата $ 335 (со вклучен SEVIS), II рата $ 1545)
Попуст од 100$ на горенаведената цена за пријави поднесени до 1-ви ноември 2025!
ONLINE PRIJAVA
SELF PLACEMENT
$ 1645
(I рата $ 335 (со вклучен SEVIS), II рата $ 1345)
ONLINE PRIJAVА
Трошоци за пријавување 4000 денари
Напомена: Цените важат за сите комплетни пријави проследени до спонзорот (статус “субмиттед то”) до 31-ви јануари 2026.
После тоа, цените се зголемуваат за $ 100.
Инструкции за уплата на трошоци за пријавување
Прима: Наром Травел, Бул. Кузман Ј. Питу 2, Скопје
Цел на уплата: пријава за W&Т USA 2026
Жиро сметка: 210-0496764001-66, деп. Тутунска Банка – АД Скопје
Напомена: Конзуларната такса, трошоците за пријавување и SEVIS трошоците не влегуваат во цената на Програмата и се НЕПОВРАТНИ во случај на недобивање виза или откажување учество на програмата од било која причина.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
Опција 1 – JOB PLACEMENT
- Обезбедување работна понуда од страна на Спонзор организацијата од САД
- Помоќ и совети при избирање на работна понуда
- Упатство за подготовка за интервју со работодавци од САД
- Здравствено осигурување за период на валидност на документот DS-2019
- Обезбедување документ DS-2019
- Интервју и проверка на познавањето на англиски јазик
- Ориентација – подготовка за програмата
- Понуда за авио карта
- Упатство за патување до работодавецот
- Закажување термин за визирање и подготовка за разговор со Конзулатот на САД
- Информации и формулари за аплицирање за добивање социјален број во САД
- Помоќ во текот на траењето на програмата, бесплатен дежурен сервис телефон, информатор за учесниците на програмата и др.
Опција 2 – SELF PLACEMENT
- Проверка на работната понуда
- Здравствено осигурување за период на валидност на документот DS-2019
- Обезбедување документ DS-2019
- Интервју и проверка на познавањето на англиски јазик
- Ориентација – подготовка за програмата
- Понуда за авио карта
- Информации и формулари за аплицирање за добивање социјален број во САД
- Закажување термин за визирање и подготовка за разговор со Конзулатот на САД
- Помоќ во текот на траењето на програмата, бесплатен дежурен сервис телефон, информатор за учесниците на програмата и др
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
- Авио карта
- Здравствено осигурување за дополнителниот месец
- Трошоци за визирање (185 USD)
- Visa Integrity Fee (250 USD)
- Трансфер до работодавецот
- Трошоци за сместување и исхрана во САД
ДИНАМИКА НА ПЛАЌАЊЕ ЗА ДВЕТЕ ОПЦИИ
- Трошоци за пријавување – при пријавување на програмата
- 1. рата – по извршеното интервју со Наром Травел агенција
- SEVIS трошоци – со уплата на прва рата
- 2. рата – по визирање
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА
- запознавање со програмата
- утврдување на исполнуваwето на условите за учество на програмата
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
- доставување на документација
- плаќање на трошоците на пријавување
- интервју на англиски јазик
- креирање на онлајн профил во системот на Спонзорот и пополнување на онлајн апликацијата
ПРВА РАТА
- уплата на 1. рата
- увид во базата на работни понуди
- задолжителна ориентација за гледање на онлајн профилот
РАБОТНА ПОНУДА
- аплицирање за работа од базата на работни понуди преку онлајн профилот
- аплицирање на Скајп интервју или Јоб Фаир
- потпишување на работна понуда
- Спонзорот испраќа ДС-2019 и СЕВИС
<span”>АВИО КАРТА </span”>
- агенцијата испраќа најповолни понуди за авио карта
- се препорачува картата да се купи порано заради пониска цена
- картата да се купи исклучиво по визирањето, освен ако истата не е рефундабилна, во случај на недобивање виза
ВИЗИРАЊЕ
- пополнување на формуларот ДС-160
- уплата за такса за виза
- закажување термин за визирање
- визирање во амбасада
ВТОРА РАТА
- уплата на 2ра рата
ЗАМИНУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА
- Инструкции за патување
- информатор за учесниците на програмата
- програма за патување
- патување
ПРЕСТОЈ И ВРАЌАЊЕ
- аплицираwе за добиваwе социјален број (ССН) и регистрација во СЕВИС систем
- редовно ажурирање на податоците во СЕВИС систем
- Редовна комуникација со Спонзорот и агенцијата
- враќање по истекувањето на визата
ПОВРАТОК НА ДАНОК
- обработка на доставената документација
- информирање за износот за платен данок кој
- <span”>студентот може да го добие назад</span”>
Mapa poslova:
Најчесто поставувани прашања:
Програмата Work & Travel USA е програма за размена на студенти – програма за меѓународна културна размена.
Целта на програмата е да им овозможи на странските студенти да престојуваат во САД во текот на летото, да го усовршат англискиот јазик, да патуваат низ САД, да запознаат нови култури и да стекнат нови животни и работни искуства. Работниот дел од програмата трае најмногу 4 месеци, по што учесниците во програмата можат да патуваат низ САД најмногу еден месец.
Учесниците во програмата W&T USA добиваат J-1 виза (Exchange Visitor Visa). Овој тип на виза овозможува работа во САД најмногу 4 месеци, а потоа туристички престој од 30 дена, под услов американскиот конзулат или службеникот на границата на САД да не одредат поинаку.
Апликациите за виза се поднесуваат во март, април, мај и јуни.
Образецот ДС-2019 е документ издаден од Стејт департментот на САД. Врз основа на овој документ, американскиот конзулат доделува визи Ј-1 на кандидатите за програмата. Образецот ДС-2019 е составен дел на визата. Без него не е возможно да се остане во САД, да се добие матичен број, да се плаќа данок итн.
SEVIS е информативен систем на американската влада кој собира податоци за учесниците во програмата за културна размена кои живеат во САД.
Обврска на секој учесник во програмата е да се регистрира на SEVIS најдоцна 5 дена по влегувањето во САД. Доколку за време на престојот во САД, учесникот во програмата го смени работодавецот, мора повторно да се најави на SEVIS и да остави нови податоци. Во спротивно ќе му биде укината визата и ќе мора предвреме да се врати дома.
Надоместоците за SEVIS се 35 долари.
Преку документот I-94, USCIS (Услуги за државјанство и имиграција на САД) го регистрира престојот во САД на учесниците во програмата. Кога влегувате во САД, хартиениот формулар I-94 (DHS Arrival/Departure Record) веќе не се пополнува.
За да регистрирате влез во САД, властите за имиграција ќе стават печат на вашиот пасош и во исто време ќе го заверат вашиот формулар DS-2019. Службениците за безбедносна контрола автоматски ги пренесуваат податоците во електронската база на податоци.
Студентите треба да пристапат до електронскиот документ и да го испечатат.
Број за социјално осигурување (SSN) – сите учесници во програмата треба да имаат број за социјално осигурување за легално да работат во САД. Аплицирањето за социјалниот број се врши во локалната канцеларија на местото на работодавачот.
Да. J-1 визата им овозможува на учесниците во програмата W&T USA да работат повеќе работни места во исто време, кај различни работодавци. Сепак, мора да се внимава да се осигура дека работата обезбедена преку Спонзорот на програмата не смее да биде загрозена од друга работа.
Заработката зависи од повеќе фактори. Она што се покажало како досегашна пракса, ќе заработите за покривање на вложените трошоци, сместување, патни трошоци во САД, а ќе ви останат пари за шопинг. Колку ќе заработите во голема мера зависи од вас, но и од надворешни фактори.
Пред визата секој учесник на програмата добива понуда за работа со детали за работодавачот, видот на работа, платата, сместувањето итн.
ДА! Работа што сами ке ја најете додека сте во САД мора да биде одобрена од спонзорот на програмата. Ова се прави со пополнување на соодветниот формулар што треба да се достави до Спонзорот на програмата.
Од учесниците во програмата се бара да контактираат со спонзорот на програмата во САД најмалку еднаш месечно. Во случај учесникот на програмата да ја игнорира оваа обврска, спонзорот на програмата има обврска да му ја одземе визата.
ДА! Програмата W&T USA е првенствено меѓународна програма за културна размена. За време на престојот во програмата, мора да има културни активности, најмалку 2 активности месечно, а тие мора да се пријават кај спонзорот на програмата. Културните активности вклучуваат: посета на музеи и сл. знаменитости, одење во театар, кино, концерти, дружење со Американци итн.
Мора да ја известите организацијата спонзор во САД за проблемите што може да се појават на работа или кај работодавачот, што ќе ви помогне да го решите проблемот. За таа цел, спонзорската организација обезбеди бесплатна телефонска линија на која секогаш можете да се јавите.
ДА! Доколку сакате да бидете со друго лице за време на вашиот престој во САД, потребно е во апликацијата да го напишете името и презимето на лицето и вашиот однос со него (пријател, брат/сестра, дечко/девојка). Исто така, потребно е споменатото лице во својата пријава да посочи дека сака да биде на програмата заедно со вас, да ги наведе истите барања (датум на поаѓање, локација, вид на работа, времетраење на програмата).
НЕ! Петтиот месец од престојот во САД е планиран за патување низ САД.
Можете да патувате надвор од САД, но не можете да се вратите со истата виза назад во САД и треба да добиете нова виза. Надвор од САД може да се патува само во текот на работниот дел на програмата и да се вратите минимум една недела пред истекот на истиот.
Да, ако се вративте во земјата пред да истече визата Ј-1 и продолживте редовно да полагате испити.
Во повеќето случаи, ДА. Исклучително ретко се случува работодавачот да не може да обезбеди сместување за студенти за кои обезбедува вработување. Во тој случај студентот е должен сам да обезбеди сместување. Детали за сместувањето може да се најдат во понудата за работа.
Цената на сместувањето зависи од локацијата. Сместувањето може да биде бесплатно, но може да чини над 100 долари неделно.
Датумите на почеток и крај на програмата се различни во зависност од земјата од која доаѓа студентот.
За студенти од Македонија од 1. јуни до 30. септември
Да, времињата на поаѓање се наведени во програмата W&T USA.
Да, под услов редовно да ги полагаат испитите.
Пријавувањето трае до пополнување на добиената квота. Претходните години регистрацијата траеше до средината на март. Студентите кои рано аплицираат имаат поголем избор на работни места.
Постои посебен формулар со информации за понудата за работа што ја пополнуваат работодавците од САД. Формуларот мора да биде потпишан од работодавачот и студентот.
Истражете каде сакате да работите
Погледнете дел од работните места на кои нашите студенти работеа во претходните години во рамките на програмата Work & Travel USA. Изберете ја работата и дестинацијата што најмногу ви одговараат и започнете ја вашата авантура!

Sun Valley Resort, Idaho
Sun Valley Resort се наоѓа во државата Ајдахо, на 1805 метри надморска височина. Овде секое лето од 1983...

Stein Eriksen Lodge, Park City, Utah
Stein Eriksen Lodge е хотел со 5 звезди кој се наоѓа во малото туристичко гратче, Парк Сити, кое го...

St. Regis, Deer Valley, Utah
Хотел St. Regis со 5 звезди, дел од синџирот Мериот, се наоѓа во Парк Сити, популарна туристичка...

Wychmere Beach Club, Cape Code, MA
Wychmere Beach Club е приватен клуб, велнес и место за настани, лоциран на Кејп Код во близина на Бостон...

Newport Harbor Corp., Newport, Rhode Island
Основана во 1925 година, корпорацијата Њупорт Харбор (NHC) започна да продава бензин за тогашната нова...

Ocean House & Weekapaug Inn, RI
Овој работодавач вработува студенти во два хотела (Weekapaug Inn, Ocean House) Позициите кои се нудат...

Santa Cruz Boardwalk Co., Santa Cruz, CA
Santa Cruz Beach Boardwalk е забавен парк, кој се наоѓа на плажата на градот Санта Круз, Калифорнија...

