Впечатоци од „Долината на милијардерите“

Нашата Милица патувала двапати со нас на Work & Travel програм. Местото каде што вторпат престојувала и работела било – Sun Valley, во државата Ајдахо. Sun Valley се наоѓа на 1805 метри надморска височина, а таму, од 1983 година, секое лето се одржува летен камп за милијардери.

Магазинот „Forbes“ минатата година избројал најмалку 25 милијардери во летниот камп, од Марк Закерберг и Бил Гејтс до Ворен Бафет и Мајкл Дел, чиј вкупен имот изнесува „само“ 825 милијарди долари.

Sun Valley, iskustva studenata

И сега, за да не ви раскажуваме понатаму како е таму, еве од прва рака, што ни пишала Милица за време на својот престој:

„Мислам дека ова е најдобро место каде можевме да дојдеме. Сместувањето ни беше како хотел, 17 чистачи се грижеле за хигиената во нашите соби, почисто не можеше да биде. Постојано беа организирани активности за студентите, се трудеа да ни биде пријатно. Местото е забавно, природата е неверојатно убава.

Првиот човек кого го запознав, додека му правев сладолед, беше CEO на Дизни, Боб Чапек. Беа и Гејтс и Закерберг, а мене ми беше особено драго што имав можност да поразговарам со Томас Фридман, колумнист на New York Times. За мене, како студент на новинарство и како некој кој учел за него, тоа навистина многу значеше.

Брус Вилис има свој апартман во Сан Вели, често доаѓа во нашиот ресторан и секогаш културно се поздравува со сите. Воопшто, сите овие луѓе се неверојатно непосредни и пристапни, се однесуваат сосема нормално. Далеку, далеку од нашите вообичаени предрасуди за богатите.“

Така Милица ни го опишала своето искуство, а пријавите за W&T сезоната 2024 се во тек. Пријавете се. Веќе во јануари и февруари ќе имате можност, преку Zoom апликацијата, да разговарате со работодавачите и да обезбедите работа на локацијата која најмногу ви одговара.

Се гледаме!