Пријавувањето за Work & Travel USA 2025 година започна

Со гордост го објавуваме почетокот на пријавувањето за Work & Travel USA 2025! Ова ќе биде нашата 29-та сезона која ќе ви понуди можност да го поминете летото во Соединетите Американски Држави, работејќи и патувајќи додека стекнувате непроценливо искуство кое ќе ве обликува за цел живот.

Како лидери во организирањето на програмите Work & Travel во регионот, во изминатите децении успеавме да им помогнеме на повеќе од 16.000 студенти да ги остварат своите соништа. Нашата посветеност не прави сигурен партнер за младите луѓе кои сакаат да ја искористат оваа единствена можност.

Зошто да изберете Work & Travel USA?

Програмата Work & Travel USA е идеална за сите студенти кои сакаат:

ДА работат сезонска работа во една од многуте туристички дестинации низ Америка

ДА стекнат пријатели од целиот свет, запознаваат нова култура и ги подобруваат своите јазични вештини.

ДА го финансираат своето патување и во исто време патуваат низ спектакуларните пејзажи на Америка.

ДА Стекнaт работно искуство и да го збогатaт своето CV.

Work and Travel 2025

Како да аплицирате?

Пријавувањето за сезоната 2025 е сега отворено и процесот е брз и лесен. Нашиот тим ќе ве води низ сите чекори, од првичното пријавување, подготовка на документација, преку интервјуа, визи, па сè до заминување. Поради големиот интерес и ограничениот број места, ве советуваме што поскоро да се пријавите и да го обезбедите вашето место на програмата.

Зошто ние?

Нашата агенција има долгогодишно искуство во организирање на програмата Work & Travel USA, а соработката со водечката американска организација Interexchange гарантира квалитет и безбедност за секој учесник.

Сите наши учесници во програмата имаат целосна поддршка во текот на целиот процес, од подготовка до враќање, а многу од нив секоја година се враќаат полни со позитивни впечатоци и им ја препорачуваат програмата на своите пријатели.

Не ја пропуштајте можноста да станете дел од оваа неверојатна авантура! Пријавете се за Work & Travel USA 2025 и започнете патување кое ќе ви го промени животот!

Се гледаме!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *