Важно е да се напомене дека Au Pair девојките немаат ниту статус на турист, ниту статус на вработено лице, туку статус „Jeune fille Au Pair“, што претставува посебна статусна категорија.
Значи, Au Pair програмата НЕ Е ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, туку програма за меѓународна културна размена. Учесничките на програмата не добиваат работна туку студентска виза и за помошта во чувањето деца добиваат џепарлак, а не плата.
IAPA (International Au Pair Association)
IAPA е меѓународна организација, основана со цел да воспостави единствени стандарди за реализација на Au Pair програмите ширум светот.
Учесничките на Au Pair програмата можат да престојуваат во Франција:
- 2 – 3 месеци (од јуни до септември) – Летен Au Pair
- 6 месеци
- 1 училишна година (од септември до јуни)
- 12 месеци (во текот на целата година)
За учество во Au Pair програмата во Франција можат да се пријават девојки кои ги исполнуваат следните услови:
имаат 18 – 26 години
студираат на некој од акредитираните факултети или високи училишта
зборуваат француски јазик (за време на школувањето учеле француски најмалку 2-3 години)
имаат искуство во чување деца
се со добро здравје
поседуваат возачка дозвола (не е задолжително)
Од кандидатките за Au Pair програмата се очекува да бидат: комуникативни, толерантни, совесни, одговорни и без кривично досие.
На Au Pair програмата не можат да учествуваат девојки кои се во брак или имаат свои деца.
Au Pair семејство
За заинтересираното семејство да може да прими Au Pair девојка во својот дом, потребно е да ги исполни одредените критериуми (на пр.: семејства чии членови имаат регулирано престој во Франција, но не и француско државјанство, не можат да примаат Au Pair девојки; во семејството мора да се зборува француски јазик; семејството мора да ги исполни одредените услови во поглед на сместувањето на Au Pair девојката итн.).
Au Pair семејството ја прифаќа Au Pair девојката како член на своето семејство и со неа ги дели радостите и обврските од секојдневниот живот.
Au Pair семејствата се наоѓаат низ цела Франција, но најголемиот број се во околината на Париз, на југот на Франција и на Азурниот Брег (Монако, Ница, Кан, Антиб, Сен Тропе, Тулон, Марсеј, Ним, Монпелје) како и на Корзика.
Што очекува Au Pair семејството
Au Pair семејството искажува голема доверба кон девојката што ја прима во својот дом и од неа очекува да биде одговорна, совесна, да се прилагоди на новата средина и животот во семејството.
Особено е важно Au Pair девојката да воспостави добар однос со децата. Кон нив треба да се однесува како кон помал брат или сестра. Најчесто ќе ги носи и зема од училиште, ќе им подготвува ужинка, ќе им помага при облекување, ќе се игра со нив, ќе им помага при пишување на домашни задачи.
Од Au Pair девојката се очекува да биде флексибилна во однос на конкретните обврски. Секое семејство има свој ритам. Пред почетокот на програмата, Au Pair девојката е запознаена со обврските кои ја очекуваат во семејството, но понекогаш, поради променети околности, потребно е да се модифицира распоредот на обврските. Au Pair девојката треба да се прилагоди на евентуалните промени и да притрча во помош кога е тоа неопходно.
Семејството ја прифаќа Au Pair девојката како член на своето семејство и од неа очекува да се однесува како во свој дом (секако, почитувајќи ги правилата кои важат во француското семејство). Очекува да учествува во секојдневните домашни работи, да го почитува распоредот на своите обврски, како и да се облекува и однесува пристојно.
Што може да очекува Au Pair девојката
Au Pair девојката во семејството ќе биде прифатена како член на семејството со кое ќе ги дели радостите и обврските на секојдневниот живот. Ќе има обезбедена сопствена соба, каде ќе се одмора и ќе го минува своето слободно време. Често семејствата кои живеат во куќа имаат посебен апартман наменет за престој на Au Pair девојката.
Au Pair девојката добива неделен џепарлак како финансиска надокнада за помошта околу чувањето на децата.
Точниот износ на џепарлак е наведен во договорот кој девојката го добива пред патувањето. Висината зависи од бројот на работни часови. За 30 работни часа неделно (Au Pair Classique) неделниот џепарлак изнесува 80 EUR, додека за 35 работни часа неделно (Au Pair Plus) џепарлак изнесува 100 EUR.
Права на Au Pair девојката
Au Pair девојките имаат право на:
сопствена соба и храна во рамките на семејството
договорен неделен џепарлак
платено здравствено осигурување за време на програмата (за програми подолги од 6 месеци)
слободни денови според правилата на програмата (1,5 ден неделно; 1 недела после 6 месеци)
субвенционирани билети за јавен превоз или користење на семејниот автомобил за курсот по јазик
учество во општествени активности кои ги организира француската организација
помош и поддршка од агенцијата за време на целиот престој
Курс по француски јазик
Сите учеснички на Au Pair програмата кои во Франција престојуваат подолго од 3 месеци се задолжени да посетуваат курс по француски јазик.
Семејството има обврска да ја запише Au Pair девојката на соодветен курс во најблиското училиште. Еден од неопходните документи за добивање Au Pair виза е потврдата за упис на курс по француски јазик.
Au Pair девојката го финансира курсот од својот џепарлак (приближно 30% од џепарлак е потребен за покривање на трошоците за курсот).
Трошоци за пријавување:: 4000 ден.
Трошоци за Au Pair програмата: 350 EUR
Напомена: Упатствата за уплата се добиваат во агенцијата. Цена на програмата се плаќа во динарска противвредност според средниот курс на НБС, на денот на уплатата.
Динамика на плаќање:
трошоци за пријавување – при пријавувањето на програмата
цена на програмата – по добивањето на соодветното семејство
Цената вклучува:
пронаоѓање на соодветно Au Pair семејство во Франција
здравствено осигурување за време на траењето на програмата (за престој подолг од 6 месеци)
обезбедување на документи за добивање Au Pair виза
кофинансирање на трошоци за локален транспорт
услуги на Локален координатор
помош и насочување за време на целиот престој
Цената на Au Pair програмата не вклучува:
трошоци за виза
трошоци за трансфер
трошоци за курс по јазик
При пријавувањето на програмата, потребно е да се достават следниве документи:
- пополнета и читлива пријава
- CV (на француски јазик)
- лекарско уверение (на формулар од пријавата)
- уверение од факултет за студирање (оригинал и заверен превод)
- уверение од суд за неосуденост (оригинал и заверен превод)
- извод од матична книга на родените (меѓународен формулар или оригинал и заверен превод)
- писмо до Au Pair семејството (кратко опишете се себеси, своето семејство, наведете мотиви за учество во Au Pair програмата и искуство во чување деца)
- 2 препораки (од родители на чија деца сте се грижеле). Ако не се на француски јазик, мора да бидат преведени на француски (преводот не мора да биде заверен од судски толкувач)
- 1 препорака од професор (ако не е на француски јазик, мора да биде преведена на француски; преводот не мора да биде заверен од судски толкувач)
- фото-албум (8 фотографии со семејството, пријатели, децата што сте ги чувале, со краток коментар)
- 1 фотографија во пасош формат
- фотокопија од возачка дозвола (ако ја поседувате)
- фотокопија од диплома за завршено средно училиште (по можност, приклучете и копии од други дипломи за завршени курсеви по јазик, цртање, прва помош, спортски и уметнички натпревари и сл.)
- фотокопија од првата страница на пасошот
- потврда за уплатените трошоци за пријавување
Пријавите се примаат цела година. Непотполни пријави нема да бидат земени во разгледување. Оптимално време од моментот на пријавување до почетокот на програмата изнесува околу 2,5 месеци или повеќе.
Доколку девојката се откаже од учество во програмата пред да добие соодветно семејство, ја губи правото на повраток на средствата уплатени за трошоците за пријавување.
Доколку девојката се откаже од учество по добивањето на визата, ја губи целокупната уплатена сума.
